Search

Мицотакис побара претпазливост од жителите на Самос, одложено за утре соопштувањето на новите мерки за пандемијата

– Самос издржа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален „Твитер” профил по денешниот силен земјотрес со јачина од 6.7 степени и ги повика на претпазливост жителите на островот, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, Мицотакис соопшти дека објавувањето на новите мерки за справување со коронавирусот, поради земјотресот е одложено за утре.

-Самос издржа. Владин тим заминува за островот да справување со проблемите. Постојано се информирам за состојбата и ги повикувам жителите на претпазливост за време на пост-земјотресната активност. Соопштенијата за пандемијата ќе бидат објавени утре, напиша Мицотакис на „Твитер”.

На островот заминаа заменик-министерот за цивилна заштита, заменик-министерот за внатрешни работи, генералниот секретар за инфраструктура, како и надлежните за справување со вонредни состојби, спасувачки екипи, градежни инженери, а попладнево ќе одржат координативен состанок со локалните власти.

Треба да знаете
Последни објави