Search

Мицотакис: Ова е најлошата власт во Грција по диктатурата од 1974 година

Лидерот на најголемата грчка опозициска Нова демократија рече дека верува оти граѓаните на Грција на 26 мај, на локалните избори и изборите за Европскиот парламент, ќе испратат порака дека актуелната власт е најлоша од крајот на диктатурата во 1974 година, пренесе агенцијата „АНА-МПА“.

„Не сум тука за да правам поделби. Тука сум да кажам дека или ќе се ослободиме од нив или тие од нас“, истакна Мицотакис и додаде дека е потребно да се верува во промената што може да дојде.

Тој рече дека нивната работа пред сè е да ги убедат граѓаните дека не ја заслужуваат оваа беда.

„Ние сме единствената сила што може да пружи решение за проблемите во Грција“, додаде Мицотакис.

Коментирајќи ја економијата, Мицотакис напомена дека неговата партија доколку победи на изборите ќе ги намали данокот на недвижнините за 30 отсто и данокот на компаниите од сегашните 29 на 20 отсто.

Тој им порача на гласачите кои за време на претходните изборни циклуси гласале за владејачката СИРИЗА дека сега имаат можност да ја поправат грешката.

Треба да знаете
Последни објави