Search

Мицотакис: Имавме храброст да преземеме мерки многу побрзо од други европски земји

Имавме храброст да преземеме мерки многу побрзо од многу други европски земји. Мерки, кои што беа тешки и сигурно имаа значително влијание врз економската активност, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, одржана телеконференциски, јави дописничката на МИА од Атина.

-Нашата цел, од првиот момент кога го кажавме тоа, беше да добиеме што е можно повеќе време за да му дадеме можност на здравствените системи да колку е можно подобро да одговори на епидемијата, која знаеме дека на крајот ќе влијае на сѐ поголем број од грчкото население. А, засега се чини барем дека го добиваме времето, но тоа очигледно зависи од однесувањето на граѓаните и од начинот на кој ќе ја прифатат пораката на „Остануваме дома”, рече Мицотакис, додавајќи дека мнозинството од грчкото општество позитивно одговорило на конкретната порака.

Треба да знаете
Последни објави