Search

Мицкоски: Jа прифаќам новата реалност, но името на мојата земја останува Македонија и ништо нема тука неевропски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „360 степени“ нагласи дека за жал оваа нова реалност со промената на името ја донесе Зоран Заев и СДСМ. Но сепак за Мицкоски, Македонија ќе си остане Македонија.

„Ние никогаш не сме ја игнорирале реалноста. Јас би бил дволичен ако ви кажам дека ја игнорираме реалноста. Кој вели дека оваа реалност ние ја игнорираме? Па ние сме дел од Владата. Но не можам никогаш да се сложам со административното име бидејќи тоа е спротивно на моите принципи како да ви кажам. Јас за мене оваа држава длабоко во себе ја носам како што сум ја наследил, и така ќе ја пренесам на моите потомци како Македонија“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски запраша што е неевропски ако твојата држава си ја сакаш и почитуваш како Македонија.

„Јас лично не можам да сум лицемерен и дека оваа реалност ја игнорираме. За жал таа реалност што ни ја донесе Зоран Заев и СДСМ. Но никогаш јас нема и не можам да се сложам со оваа придавка“, истакна Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави