Search

Мицкоски ја доведе ВМРО-ДПМНЕ до стечај и блокирани сметки, затоа граѓаните не му дозволуваат да ја води државата

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

 
„ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на партијата. Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, набавени за потребите на белиот дворец. Раководство кое го држеше народот во сиромаштија, за време на 11-годишниот режим.

Токму тогаш, додека партијата на Мицкоски се богатеше, голем број граѓани се соочија со извршителите, тонеа во долгови додека ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше парите од Буџетот.
Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите. Па како тогаш од граѓаните бараат доверба да располагаат со државниот Буџет, кога не можат да го менаџираат ниту сопствениот, партиски буџет.

Ова почитувани е доказ за расипништвото и недомаќинското работење на своевремено најбогатата партија во Европа. Но покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата. За ова очекуваме да дадат одговори и надлежните институции. Мицкоски успеа најбогатата партија во Европа да ја донесе во стечај, а сака да ја води државата.

Ете зошто граѓаните не им дозволуваат на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да управуваат со јавните финанси. Граѓаните одамна се свесни за расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа не им дозволуваат да ја водат државата, затоа три пати ги казнуваат на избори и затоа Мицкоски ќе остане во опозиција.

Треба да знаете
Последни објави