Search

Мицкоски успеа најбогата партија во Европа да ја доведе до стечај, ете зошто граѓаните не му дозволуваат да ја води државата

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, кое е седиште на опозициската партија.

Извршители тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ и поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотиви на поранешното раководство на партијата, кое го држеше народот во сиромаштија, за време на 11-годишниот режим.

Токму тогаш, додека партијата на Мицкоски се богатеше, голем број граѓани се соочија со извршителите, тонеа во долгови додека ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше парите од Буџетот.

Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е способно да менаџира со средствата и да си ги плати долговите.

Па како, со кој образ губитникот Мицкоски бара доверба од граѓаните, бара пристап до народните пари, кога не може домаќински да ја води ни својата партија. На врата му тропаат извршители, а сметките му се блокирани.

Како Мицкоски може да води држава, да бара власт кога успеа најбогата партија во Европа да ја доведе до стечај.

Граѓаните одамна се свесни за расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа не им дозволуваат да ја водат државата, затоа Мицкоски ќе си остане во опозиција.

Треба да знаете
Последни објави