Search

Мицкоски со шефот на ОБСЕ, Која: Власта неумешно се справува со криминалот зашто е потикнувач на истиот

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, остварија средба со Шефот на мисијта на ОБСЕ во Република Македонија, г-дин Клеменс Која.

На средбата претседателот Мицкоски информираше за состојбата во која се наоѓа државата, особено загрижувачките економски показатели како преминување на прагот на задолжување над 60% кое е прекршување на мастришките критериуми, за историскиот пад на БДП во земјава кој достигна 12,7% во вториот квартал од годинава, како и зголемувањето на сиромаштијата и намалување на животниот стандард на граѓаните.

На средбата беше разговарано за тековните проблеми на земјава со корупцијата и криминалот, проблеми кои власта во своите политики не ветува дека ќе ги промени, а за кои забелешките од Извештајот на ЕК не изостануваа, затоа што земјава е се подолу на листите за борба против корупцијата.

Мицкоски посочи дека власта неумешно се справува со криминалот во земјава, затоа што е потикнувач на истиот, а со слабиот правосуден систем и корупцијата во истиот, криминалните однесувања на одредени функционери не се казнуваат.

Мицкоски го информираше г-дин Која за состојбата во македонското собрание, каде власта во обид да ја руши демократијата противуставно бара да се легитимира гласањето на пратеници кои не се присутни во собранието, како и неприфаќањето на амандманите на опозицијата кои се пред се барања на граѓаните во тековните дискусии во Собранието.

 

 

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави