Search

Мицкоски се сретна со директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска остварија средба со Јоханес Реј, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија. На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата, актуелната политичка состојба во државата, македонската европерспектива и предизвиците со кои се соочуваме, како и за престојните парламентарни избори во Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари за досегашната соработка со фондацијата која е на одлично ниво и е од особено значење во периодот пред предвремените парламентарни избори, размената на искуства и знаење во престојниот период е клучна.

Во однос на актуелната политичка ситуација Мицкоски ги посочи поразителните истражувања на „Транспаренси Интернешнл“ за перцепција на корупцијата според која Македонија е на врвот според корупцијата на Балканот како и она на угледниот британски весник „Економист“ кој ја класифицира нашата држава како „хибриден режим“.

Треба да знаете
Последни објави