Search

Мицкоски: Се колнат во најмилото и лажат, не им верувајте, доаѓа обнова со која ќе ја исправиме татковината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше на средба со жителите од битолско Новаци каде порача – „На 15 јули заедно да се радуваме на една огромна победа“.

„Веќе бевме на многу места. Народот се ослободи, народот веќе пркоси, нема кој веќе да го сопре овој народ, никој не може да го спори ни тие што снимаат, преснимуваат, затоа што ВМРО-ДПМНЕ за две недели ќе приреди огромна победа и ќе ја порази ова раководство предводено од Заев, оваа однародена власт на СДСМ“, рече Мицкоски.

Според него доста беше во своја држава народот да се чувствува како граѓани од втор ред и додаде „ќе му покажеме на Заев како се сака Македонија, гласно ќе зборуваме зад гласачката кутија и ќе заокружиме број 14“

„Изборот е јасен. Она што нас не прави поразлични, тоа е енергијата за нашата Македонија, тоа не прави поразлични од нив, а за нив не е проблем ја распарчуваат Македонија, да ја пљачкаат, нардот се исправал и во потешки времиња, ќе се исправи и сега. Обединети, сложни да излеземе наутро и да заокружиме реден број 14, за да не ни се случат уцени, закани да оневозможиме дополнителни страдања. Секаде кој и да ве погледне во очи ќе рече исто е 30 години сите сте исти и кажуваат останав без внукот, без синот, сите заминаа, не стигнува пензијата од први до први, соседот е разочаран, со земјоделците ако разговарате ќе кажат субвенциите ниски“, рече Мицкоски.

Според него Заев и владата можеа за три години да направат нешто, и направија, ама направија понижувања и омаловажувања.

„Го нема посакуваниот мир ја нема ветуваната правда, правдата е таму само за случајот евро за батето. Ова наше „трас трас“ судство вели тоа што гледавте и слушавте за батето на Заев, не е така, а ги казни патриотите, ги стави зад зандани затоа што ја сакаат Македонија. Тоа е правдата на Заев. Мирот го направија немир во душите на родителите на децата ликвидирани кај Смилковско, говореа само пред изборите, а три години ги нема зошто Заев ги ослободи егзекуторите. Можеа да донесат вистински мир, за жал донесоа немир. Кога Заев говори за правда, тоа е како Ал Капоне да вели дека е невин“, кажа Мицкоски.

Според него владата предводена од СДСМ можеше да ги донесе и Гугл и Фејсбук, но не успеаја да ги задржат ниту на тацна оставените инвестиции од ВМРО-ДПМНЕ, тие им избегаа зошто им бараа провизии.

„Македонци кренете ја главата горе високо, не очајувајте, доаѓа надеж, ние имаме програма која внимателно ја пишувавме. По пет дена кампања денес прв пат слушнавме просечната плата ќе била 36 илјади денари, а не е, 25 илјади денари е, а ние ја оставивме 22 илјади денари. Потребни им беа три години да ја покачат три илјади, а сега за четири години ќе ја покачеле за 11 илјади денари. Но не верувајте на оние кои се колнат во најмилото и лажат“, рече Мицкоски.

Тој укажа дека на народот му е доста од криминал и корупција и порача – „Нема веќе салонски политичари, туку тие ќе бидат на улица, со народот секој кој ќе биде избран ќе го слуша народот. Помина времето кога ја гледавме Македонија опљачкана, заеднички да ја исправиме нашата татковина и сите заедно да ја кренеме главата, доаѓаат подобри времиња вратете ги насмевките на вашите лица“.

Треба да знаете
Последни објави