Search

Мицкоски: СДСМ бега од избори

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на својата Фејсбук страница реагираше на одлуката на СДСМ да нема вонредни парламентарни избори заедно со претседателските, истакнувајќи дека премиерот Зоран Заев и СДСМ бегаат од избори во страв да се соочат со волјата на народот.

-СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, напиша Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави