Search

Мицкоски: Свиркачи ни дадоа документи за вмешаноста на власта во „Рекет“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција одговори на обвинувањата на премиерот Зоран Заев дека истрагата за „Рекет“ водат кон лидерот на опозицијата, дека партијата од свиркачи во истражните институции добиле документи од истрагата за скндалот, а кои укажуваат на вмешаност на припадници на власта во криминалот.

-Јас нема да го тужам Заев за клевета, но од документи за вештачењата извршени во истрагата за „Рекет“, добиени од свиркчи, мене ме нема никаде, но има имиња на поединци од власта. ВМРО-ДПМНЕ нема да прави воајерски шоуа додека постои минимална објективност во водењето на овие случаи. Но, ако нема ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста , рече Мицкоски.

Тој најави дека постојат индиции за „Рекет 2, 3, 4…“

Интегралниот текст од целата прес конференција го пренесуваме во целост:

„Најпрвин ќе ми дозволите од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и луѓето кои што беа вчера со мене да се извиниме, бидејќи вчера до долго во ноќта ве оставивме да чекате за било каква информација која што за жал ради нашата можеби вина не стигнала тој момент до вас. И вашата реакција сосема оправдана што одлучивте така да ја напуштите лидерската средба. И ве молам уште еднашка примете го моето но и извинувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа таквото однесување. И ќе се трудиме во иднина тоа да не го повториме.

Сосема свесно почекав СДСМ и нивните мегафони да изнесат еден куп лаги, невистини, и манипулативни брифинзи за лидерската средба вчера. Сите тие информации би ги оценил како лаги од епски размери. Измислици кои имаат за цел дефокусирање на вниманието од вистинските причини за непостигнување на договор.

 

Овие невистини можев да ги претпоставам и пред почетокот на средбата, со други зборови не треба човек да биде генијалец или научник за да сфати како размислуваат површни и исплашени луѓе, како овие што беа вчера пред мене. Луѓе кои не сакаат владеење на правото, кои не сакаат правда и бегаат од соочување со законите. Затоа што нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство кое вчера беше предмет на разговори.

А, сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупција и криминал. Но тоа да го оставиме на страна. Ние сме сериозни и темелни, и сакаме да ја информираме јавноста за вистинското однесување во текот на вчерашниот ден. Но истовремено и да се обидеме на оваа прес конференција да ја пренесеме целата ситуација која што се случуваше вчера.

Вистина е дека вчера главната борба на Зоран Заев беше да се заштити Зоран Заев, фамилијата и луѓето од власта од одговорност за криминалите со која тој и неговите луѓе управуваат.

До доцна во ноќта пред нас имавме слика на еден очајник потопен во криминал во кој се препотуваше, грчеше, црвенееше. И во исто време и кога веднаш потоа беше блед како крпа само да дозадржи било каква контрола над обвинителството.

Да може тој да контролира и да управува, да наредува, затвора и заташкува случаи. Едноставно таа контрола му треба за да не одговара за „Рекет“, но богами и за „Рекет 2“, „Рекет 3“,„Рекет 4“ но и сите останати случаи каде што има индиции за сторен криминал, тендерите на Рашкоски и останатото.

Водеше битка за бегање од одговорност своја, на својата фамилија и соработници. Да не се стигне ниту до Кирацовски, ниту до Ременски, и сите останати опфатени со сомнежи за силна криминализираност. Ете затоа нема договор. Затоа Зоран Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови.

Планот на Зоран Заев е да не се постигне договор. Дојде за да овие преговори немаат успех. Зошто човекот има план, видовме дека Б не им успеа, план Ц кој гледаме дека го туркаат по секоја цена, односно предметите од СЈО да ги пренесат во ЈО. Вака Зоран Заев си купи можеби уште некој месец мир, но сега или потоа одговорност ќе има. Соочување со правдата е неизбежен процес. Кој мора да се разбере дека ќе дојде. Неминовно, неизбежно како што вчера вечер дојде ноќта, ноќта помина и дојде утрото. Толку е извесно дека соочување со правдата ќе има.

Која е вистинската вистина и како се одвиваа преговорите во текот на вчерашниот ден разговорите. Јас тие би ги поделил во три дела. Имено првиот дел беше реферирање од страна на работните групи од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за досегашниот тек на разговорите поврзани со законот за јавното обвинителство со акцент на начелниот договор од 30 август. Веднаш после првата пауза Зоран Заев даде предлог кој што јас ќе се обидам да го пренесам овдека на оваа прес конференција.

Предлогот содржеше неколку точки и тоа како прво формирање на јавно обвинителство за висока корупција. Како второ ова обвинителство ќе биде на исти ниво со обвинителството на Русковска за организиран криминал и корупција, а обвинителот кој што треба да го предводи ова обвинителство треба да биде на предлог на најголемата опозициона партија во случајот ВМРО-ДПМНЕ. Како 3 покрај надлежностите  кои што ќе ги има откако ќе ги преземе десетте помошници на Катица Јанева во сопствените редови ќе биде придодадена и надлежноста за гонење на криминал на лица копи што се избрани или именувани. Како 4 заштитна клаузула која што вели дека во одреден временски период доколку власта не го прифати предлогот на опозицијата за лице кое што ќе го предводи ова обвинителство тогаш советот за јавни обвини тели да избере обвинител од редот на овие десеттемина кои што би прешле од СЈО во новото обвинителство за гонење на висока корупција.

Практично власта ќе биде мотивирана никогаш да не го прифати предлогот на опозицијата и со политички притисоци и влијанија, сведоци бевме на еден претставник на нивниот коалиционен партнер како сведочеше на прес конференција притисоците кои што ги добивал од премиерот за смена на врховниот судија ќе што вчера се случи на претседателот на Врховниот суд, исти такви слични и притисоци би се случувале во Советот за јавни обвинители копи што потоа би избрале обвинител кој што ќе го води ова обвинителство од редот на десеттемина кои што ќе предат од СЈО.

Практично понудата на Заев беше ново СЈО водено од страна на еден од десеттемина помошници на Катица Јанева како офанзивна алатка, обвинителство кое што ќе го води Русковска како дефанзивна алатка и сето тоа управувано и раководено до Јовевски.

Кој беше нашиот предлог. Нашиот предлог беше, во ред се согласуваме да постои јавно обвинителство за гонење на висока корупција, во ред се согласуваме да опозицијата предложи обвинител кој што ќе води тоа обвинителство, во ред се согласуваме надлежностите кои што ги кажавте,. А кои што се однесуваат на гонење на криминал на лица кои што се избрани и именувани, но доколку сакаме договор ние мораме да ги почитуваме законите а законот., специјалниот закон за специјалното јавно обвинителство е јасен. По престанок на мандатот на специјалната јавна обвинителка, престанува и мандатот на нејзините помошници и тие се враќаат во матичните обвинителства од каде што дошле.

Ниту во еден момент јавниот обвинител Јовевски и според постојниот закон откако ќе ги преземе предметите од СЈО не го спречува истите да ги прераспредели на истите обвинители кои што ќе се вратат во матичните обвинителства. Пример доколку обвинителот којшто е дел од СЈО доаѓа од обвинителството во Куманово и води предмети кој што е во судска процедура и е дел од предметите на СЈО, доколку Јовевски го преземе тој предмет со ништо не е спречен тој предмет да го прераспредели на истиот обвинител. Да бидам попрецизен не постои месна надлежност или ненадлежност кај обвинителите. Истото тоа може да се пренесе и кај обвинителката од Кичево, истото тоа може да се пренесе и кај останатите обвинители и за ова доколку Јовевски на законски начин ги преземе предметите не му пречи ниту постојниот закон и не му е потребен новиот закон.

Може да го искористи и постојниот закон. Тоа е принципот на ВМРО-ДПМНЕ, почитување на законот и однесување согласно законите. Понатаму сите истражители кои  што се дел од СЈО да се вратат каде што дошле, во МВР, во УЈП, во банки итн. Сите оние лица, а тие се 9-мина на број кои што имаат засновано работен однос на неопределено согласно законот за работни односи ќе бидат прераспределени на истите места во државата администрација, бидејќи законот ги штити. Сите оние кои што потпишале и засновале работен однос на определено време, односно времето додека не згасне СЈО остануваат без договор и остануваат практично без работа бидејќи тие свесно потпишале договор со кој што прифатиле да работата во тоа обвинителство, додека тоа обвинителство постои.

Кога тоа обвинителство ќе престане да постои тие обвинители исто како и сите граѓани на во Република Македонија ќе имаат можност доколку новото обвинителство има потреба од таков кадар да го конкурираат и согласно процедурите да бидат примени.

Ние ова го прифативме и рековме во ред прифаќаме такво обвинителство, прифаќаме прераспределување на случаите на истите обвинители во нивните матични обвинителства, но мора да продолжиме да работиме по закон и тимот на новиот обвинител да го определи советот на јавни обвинители, а не Мицкоски или Заев со закон, таков е законот.

Да изготвиме систематизација, да ја буџетираме таа систематизација и да создадеме ресурси за да може ова обвинителство навистина да работи и да гони висока корупција. Од страна на Зоран Заев бев прекинат или корегиран дека тие не можат ова ново формирано обвинителство, овој обвинител нов на предлог на опозицијата не може да се занимава со случаи пред да биде формиран. На моето прашање Катица Јанева е избрано лице, кој ќе ја има надлежноста во предметот рекет, а не таа вика си останува кај постојната обвинителка. Па чуму тогаш договараме надлежности за гонење на корупција на избрани и именувани лица. Но јас го знам поривот мотивот и причината зошто е тоа така, затоа што постои основано сомневање за „Рекет 2“, „Рекет 3“, за „Рекет 4“, за „Рекет 5“, но и за други кривични дела кои што оваа власт веќе трета година ги прави и затоа им е потребна Русковска, за да направи амнестија и да го заштити Заев и СДСМ од одговорност за сторениот криминал. На кратко ова беше сценариото на вчерашната средба.

Зоран Заев го одби нашиот предлог да новиот обвинител во новото обвинителство се занимава со избрани и именувани лица, без разлика кога тој криминал е сторен. И без разлика дали се однесува за сторен криминал на лица кои што се избрани или именувани од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Беса или било кој друг кој што бил избран на еден ваков или таков начин.

Сведоци бевме на една панична прес конференција денеска полна со небулози, лажни клевети и невистини.

Дури Зоран Заев, човекот кој што е заштитник и промотор на криминалот во овие три години се дрзна да мене ме обвини дека истрагата за „Рекет“ според него водела до мене. Јас не сум како Зоран Заев, јас верувам во чесноста и честитоста на луѓето. И нема да го тужам, и нема да се заканувам со тужби, поради ова невистина. Но ќе го предупредам дека свиркач во ВМРО-ДПМНЕ ни донесоа исказите кои што се дадени кај обвинителката која што го води предметот „Рекет“. Но истовремено и наредбите за вештачење и резултатите од вештачењето во ВМРО-ДПМНЕ. Тука моето име го нема. Но има имиња на луѓе од власта.

Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните. И нема да правиме во воерски шоуа презентирајќи документи. Се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави