Search

Мицкоски: Разговарав со надлежно лице во МВР за „теретаната“, ги охрабрувам да го објават

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека е точно дека имал разговор со надлежно лице вработено во Министерството за внатрешни работи, а е поврзан со снимките од фитнес-салата, откако дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во гостување во „Отвореното студио“ на ТВ 24, рече дека Мицкоски, вршел притисок случајот да се реши побрзо.

Мицкоски денеска рече дека побарал да се почитува законот и побрзо да се реши случајот со цел македонската јавност да биде точно запознаена со вистината.

-Откако излезе онаа таканаречена афера со оние боени ракавици и така натаму, се јавив кај министерот Наќе Чулев и побарав број од надлежниот во МВР, бидејќи јас не го познавам органограмот, а инсистирав тоа да биде човек поставен од претходниот министер за да не излезе дека ние злоупотребуваме нешто во министерството. Откако го добив бројот од надлежното лице, му пратив порака со содржина „Здраво, би сакал да се слушнеме, Христијан Мицкоски“ И таа порака јас ја чувам. Потоа, конкретното лице ми се јави и го замолив сѐ да биде според закон и побрзо да се реши овој случај. Бидејќи сметам дека сум следен, прислушуван, еве ги охрабрувам да го објават разговорот и нека види јавноста што е, бидејќи конструиравте таква ситуација.Нема да тужам никого, ниту човекот со кого разговарав, ниту техничката заменик-министерка, ниту МВР, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата рече дека ќе се јавува секаде и секогаш за да се дознае вистината, како што направи околу превозот на македонските граѓани од странство на почетокот на епидемијата кога му се јавил на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Мицкоски потврди дека се познава со Александар Верушевски, синот на Зоран Верушевски кој е советникот за безбедност во Владата, кој тајно го снимал Зоран Заев летото пред четири години.

-Да, се познавам со Александар Верушевски. Тој е грижлив родител и посветен сопруг. И она што можеби е значајно да го знае македонската јавност- тој е и голем патриот, рече Мицкоски на прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави