Search

Мицкоски призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги поткопува државните интереси

Мицкоски вчера доживеа нов дебакл, бидејќи случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев е негово дело и по негова инструкција.
Фактот дека Мицкоски ги повикува и останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка е потврда дека Мицкоски прави обиди да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши нашите односи со Република Бугарија.
И покрај тоа што лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата беа демантирани, тоа не го спречува Мицкоски во неговите лаги и деструкции.
Граѓаните одамна го прочитаа ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа одново ќе биде казнет од граѓаните.

 

Треба да знаете
Последни објави