Search

Мицкоски пред европратениците Чолош и Ќучук: Најсериозен проблем е високата корупција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денеска остварија средба со европратениците од политичката група „Обнова на Европа“ Дачијан Чолош и Илхан Ќучук.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, проблемите и европската перспектива.

Мицкоски истакна дека најсериозен проблем со кој се соочува нашата држава е високата корупција, притоа посочувајќи низа нерасчистени корупциски афери и скандали во кои, како што рече, вмешани се високи функционери на владејачката партија СДСМ, што, пак, претставува аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им го напомена на соговорниците и насилното носење на Законот за Jавно обвинителство кој треба да послужи за амнестија на криминалот на власта изминативе три години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за средбата.

Соговорниците се согласни дека Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ.

Мицкоски потенцираше дека по изборите на 12 април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимава со суштински реформи на полето на правосудството и има план како да ја стави нашата држава на брзата трака за членство во Европската Унија.

Соговорниците се согласија дека фер и демократски изборен процес е клучен за иднината на државата и дека од особена важност е граѓаните слободно да можат да ја изразат својата волја.

Треба да знаете
Последни објави