Search

Мицкоски по стапките на Груевски, повторно влегува во конфликт со меѓународните организации, обнова на десоросоизација нема да има

Соопштение од СДСМ, реакција на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ повторно влегува во конфликт со меѓународните организации, како во времето на пребеганиот Никола Груевски. Позната е операцијата десоросизација предводена од Груевски, а Мицкоски длабоко гази во истата кал. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е центарот на лажни вести, дезинформации и конфликти со граѓанските организации.

Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан – тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот. Иницијативата за подобар Балкан, на која викендов во Охрид покрај премиерот Зоран Заев учествуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката на Црна Гора Драгица Секулиќ.
За време на на работните средби, покрај со заменик претседавачот на Фондот отворено општество Александар Сорос, се одржани консултации со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Регионалниот совет за соработка и други.
Ја потсетуваме јавноста на повиците на ВМРО-ДПМНЕ за ноќ на долгите ножеви и пресметки со неистомислениците. Не им доаѓа умот, повторно со лаги за наводно населување мигранти ги плашат граѓаните. И тогаш и сега, граѓаните се контра лагите и омразата на двоецот Груевски-Мицкоски. Затоа ги загубија претходните избори и затоа ќе ги изгубат и изборите на 12 април. Обнова на десорсоизација нема да има!“

Треба да знаете
Последни објави