Search

Мицкоски очајно посакува враќање на „Сваровски” судството, но тој филм нема да го гледа

Предлогот на Христијан Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски” судството кое работеше по инструкции од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Со ова, Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека не му грижа за правдата, не му е грижа за владеењето на правото, неговата единствена грижа е да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители, тоа на Христијан Мицкоски треба да му биде јасно. Панчевски е олицетворение на „Сваровски” судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи. Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство, рече пратеникот.

Според него, предлогот на Мицкоски, Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби и кој беше осуден за мобинг врз судии да стане прв човек на новото Јавно обвинителство доволно говори каков е односот на Мицкоски кон правдата.

-Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите и на граѓаните и државата. Христијан Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски” судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм бидете сигурни дека нема да го гледа. Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и таквата борба не познава партиска припадност, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави