Search

Мицкоски: Откако ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, Заев ќе доживее изборен дебакл

Најпрвин да се заштити здравјето на граѓаните од корона вирусот, а потоа, на првиот слободен термин да се оди на избори, рече на денешната прес конференција претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека за датумот за избори би можело да се разговара кога бројот на новозаболени би бил блиску до нулата, а бројот на починати биде нула.

-Кажав дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши ниту од СДСМ, заедно со нивното Луј Витон обвинителството и нивното трас -трас судството, нивните куферчиња и поткупи. Не им се плашиме и ќе излеземе и ќе го победиме СДСМ, рече Мицкоски. Дали Зоран Заев, дали ДУИ, ќе одат на избори кога ќе броиме десетици заболени и по 5-6-7 мртви, тогаш секоја чест и немам што да додадам ниту да одземам на нивната одлука бидејќи втурнувањето на граѓаните во еден таков период, за мене, како одговорен човек, политичар, значи дополнително зголемен ризик по нивниот живот, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека до неодамна имало канал за комуникација со СДСМ, околу изнаоѓање заеднички прифатлив датум за изборите, но од појавата на новиот пик заболени и починати, во партијата не се разговара за датумот. Претседателот на најголемата опозициска партија остава простор да се предомисли претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во категоричниот став дека 5 јули е последниот термин за избори по низата отстапки.

– На точката на Заев за избори на 5 јули додавам уште две точки, за реченицата да биде продолжена, па ќе видиме. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека изборите треба да се одржат во втората половина на 2020, но пред декември кога истекува редовниот мандат од четири години на власта, вели Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави