Search

Мицкоски од Шуто Оризари: Со обнова доаѓаат 1000 проекти кои што ќе го подобрат животот и таа разлика ќе се види уште во првите 100 дена

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со носителот на изборна единица 2, Владо Мисајловски ја посетија општината Шуто Оризари. При посетата Мицкоски на граѓаните порача дека на 15-ти јули доаѓа обновата на Република Македонија. Со обновата доаѓаат нови 1000 реални мерки и проекти кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните.

„Се обврзувам дека тоа што ќе го ветиме, тоа  ќе го исполниме за сите жители на Шуто Оризари. Да покажеме дека можело поинаку и дека овие луѓе кои што живеат овде го заслужуваат тоа да биде поинаку“, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека победата ќе биде убедлива ако сите граѓани излезат на избори и гласаат за обновата на Македонија. Мицкоски ги замоли граѓаните да не потпаѓаат под притисоците на власта.

„Јас верувам дека овде може да биде поинаку и ви давам збор, го имате мојот збор дека навистина во следните четири години ќе направиме препород не само овде во Шуто Оризари туку секаде низ цела Македонија каде што живее ромскиот народ“, вети Мицкоски.

Мицкоски потсети дека власта за овие три години ништо не направи за доброто на Република Македонија. Се ветуваше се и сешто, а од тоа донесоа само криминал, сиромаштија, рекет.

„Во онаа наша читанка која што ја нарековме „Проект – Обнова“ ќе најдете повеќе од 1.000 проекти. Таму има проекти и за вашето Шуто Оризари, но не и само за Шуто Оризари туку буквално за секоја педа. Повеќе од 1.000 проекти кои што се многу внимателно одбирани. Илјада проекти кои што ќе го подобрат квалитетот на животот на секој еден наш сограѓанин и таа евидентна разлика  ќе се види уште во првите 100 дена. Нема да чекаме со години туку уште во првите 100 дена ќе се забележи таа евидентна разлика. И повисока просечна плата за 25%, и повисока пензија за 20%, и повисоки субвенции за земјоделците за 640 милиони евра, повеќе од 1.000 километри нови патишта, реконструирани патишта локални и регионални, повеќе можности за образување за секој еден човек“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има изготвено и преодна стратегија во која што се обезбеди студентите да не плаќаат школарина за учебната 2020/202, можеби и за угостителите овде во Шуто Оризари ќе биде примамливо да знаат дека ќе се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%, заклучно со 2021 година. Се што е пишано во 360 страни во програмата буквално има за секого нешто.

„Излезете и масовно поддржете го редниот број 14, заокружете го редниот број 14 и на тој начин одлучувате за онаа Македонија каква што сакаме да биде“, порача Мицкоски од Шуто Оризари.

Треба да знаете
Последни објави