Search

Мицкоски од Тетово: Овие избори се избор за иднината или за неправдата и корупцијата

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со граѓаните во Тетово истакна дека на изборите на 15 јули граѓаните ќе бираат два концепти. Тој им порача да се запрашаат дали ќе изберат помеѓу досегашните неправди, срам и корупција или пак изборот ќе им биде чест, честитост и луѓе со љубов кон Македонија и избор кон иднината.

-Од 2002 година СДСМ немаат ниту една победа на парламентарните избор, така ќе биде и сега. Ќе го пратиме Зоран Заев во незаслужена политичка пензија. Јас му порачав дека знам оти сум му ноќна мора и дека ќе доживее дебакл но и дека ќе одговора за се. Во првите шест месеци ќе одговараат сите. Не може државата да не знае како се богатеа поединци, рече Мицкоски.

Тој ги критикуваше политичките противници дека ништо не направиле од ветеното во изминатите 30 месеци.

-Можеа ама не направија плата од 30 илјади денари, но наместо тоа го направија Македонецот граѓанин од втор ред. Затоа ние со проектот Обнова се обврзуваме на најмaлку 25 проценти зголемување на минималните плати и пензии, се обврзуваме на најмалку 1000 километри реконструкција на патишта, се обврзуваме на 1000 проекти, политики и мерки, за сите по нешто, истакна Мицкоски.

Носителката на листата во шестата изборна единица Дафина Стојаноска пред тетовци истакна дека се пред избор да се биде или не.

-Пенкалото за гласање е наш меч за овие избори. Со истиот тој меч да кажеме НЕ, на погубните договори по Македонија, со тој меч да го вратиме достоинството за нашите деца. На 15 јули гласот да биде крик кој ќе порача дека имаме право да живееме. Патото кон обновата ќе биде тежок и ќе треба посветеност.Тој нивни „прав пат” не донесе до амбисот, но љубовта кон Македонија не одржа овие 3 години, рече Стојаноска.

Кандидатот за пратеник од Тетово, Александар Велјановски истакна дека Обнова која ја предводи Христијан Мицкоски е начин да се врати достоинството.

-Ни треба темелна обнова да го оттргнеме срамот кој ни го направи Зоран Заев. Од нас нема да чуете меѓу народот кога сме дека го навредуваме туку како со Вас разговараме и зборуваме за идеи и проекти, истакна Велјановски.

Пред жителите на Тетово се обратија и останатите кандидати за пратеници од тетовските општини.

Треба да знаете
Последни објави