Search

Мицкоски: Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со Бугарија

Од изјавите на Заев дознаваме дека, сепак, имало преговори со соседна Бугарија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во статус објавен на Фејсбук.

„Дали трговецот – премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси? Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста? Зошто Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало?“, прашува Мицкоски.

Тој го повика народот да излезе на протестите најавени за денеска, а на кои опозицијата бара оставка од премиерот Заев.

Мицкоски објави и видео со порака„ Велат нѐ нема! Од нив Заев се откажа во интервјуто“.

Треба да знаете
Последни објави