Search

Мицкоски од Гевгелија: Не се оди напред со нарачани обвиненија и диктирани судски пресуди

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Гевгелија. Мицкоски пред присутните потенцираше дека како наближуваат изборите се повеќе од јасно е дека професорката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде идниот претседател, а доказ за тоа е пораката од народот со кога улиците останаа полупразни на вчерашниот митинг на СДСМ и дека граѓаните не сакаат политичари кои се срамат и го навредуваат сопствениот народ.

– Замислете  човекот кој што на билборди си го затемнил сопствениот народ.  Ај што го нарекуваше онака како што ги нарекуваше, ај што ги нарече сурати, ај што им се закани да  не му излегуваат на очи ако не победел па замислете и на билбордите ги затемнил лицата се срами од сопствениот народ.  Замислете тие луѓе денеска бараат поддршка од народот,  рече Мицкоски.

Тој посочи дека пострашно е што и покрај се Заев и врхушката околу него  продолжуваат со лагите  и манипулациите, па велат дека го зацврстиле идентитетот дури и го зајакнале, а сите се сеќаваме како истиот тој Заев пред зградата на Владата на Република Македонија не ја построи македонската гарда, ниту го донесе воениот оркестар да ја интонира државната химна и се срами да слушне дека „денес на Македонија се раѓа“ и Македонците се борат за своите правдини“.

-Истиот тој Зоран Заев на моето прашање на кој јазик зборуваат луѓето од северна Грција а е различен од македонскиот се потеше, се препелкаше, му беше срам да каже дека тоа се Македонци кои што говорат македонски јазик, пеат македонски песни и се веселат на македонски ора.  Македонскиот премиер се откажа од македонското малцинство во соседните земји.  Како кула од карти му се урна , нема право да зборува за чест достоинство и идентитет и овој човек, нема право да ги погледне граѓаните на Република Македонија во очи, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека јасен е изборот, затоа што од една страна имаме кандидат избран на мафијашки стил зад кого стојат луѓето кои во транзицијата уништија десетици илјади жители, а од друга страна имаме борец за правда и правдина и заштитник на Уставот и законите  во коалиција заедно со народот.

На 21-ви април и 5-ти мај победува сенародната коалиција обединета околу Гордана Сиљановска Давкова, да ги пратиле овие транзициони политичари на темната страна на историјата, нека застане нивната скапа транзициска Хилтон коалиција таму каде што и започна, потенцираше Мицкоски.

Пред гевгеличани Мицкоски посочи дека во земјава откако СДСМ е на власт постојано се случуваат неправди, дека Заев се колнеше во најмилото и дедовината, а потоа при првата прилика тргуваше со сето тоа во кое се колнеше, дека патриоти добиваат затворски казни од два века, а убијците на децата кај Смиљковско езеро шетаат слободни на улица, неправди кај земјоделците, младите, буквално насекаде.

-Неправда е кога им ветувате на земјоделците загарантиран откуп, повисоки субвенции, поддршка,  а денеска појдете во Ресен луѓето ги сечат дрвата затоа што килограм јаболка е еден денар, Пелагонија е ненабрана, во Кочани оризот ги полни амбарите затоа што нема кој да го откупи, така беше во Малешевијата и Пијанец родот се фрлаше во реките, така беше и со бостанот и со раноградинарските производи, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека додека земјоделците мака мачат да скрпат од први до први, министерот за земјоделие се фали како шета во егзотични земји и купува патики во Дубаи и дека такви неправди се случуваат и кај лекарите и на младите на кои им ветуваа работни места, а сега ако не сте син или роднина на Мира дизел, тешко дека некој воопшто и ќе ги прими да ги сослуша.

– Неправда е кога на докторите ќе им ветувате како опозиција  100.00 денари просечна плата, реновирани болници, клиники, амбуланти, а денеска планирате истите да ги распродадете за пусти пари,  а нашите лекари ги полнат клиниките во Европа, Америка и Австралија, неправда е кога ќе ветувате студентска гаранција поквалитетно образование, а денеска како во 19 век нашите студенти, идните интелектуалци, идната авангарда подготвува испити, потенцираше Мицкоски.

-Тој нагласи дека професорката Гордана Сиљановска Давкова има јасен план и тим кој што гарантира реформи во судството, во обвинителството, и дека само со владеење на правото со враќање на правната држава ние можеме да имаме и повеќе инвестиции и повеќе отворени работни места и дека затоа е потребно сите да се обединиме околу оваа цел за да победи правдата а сите кои денеска ја злоупотребуваат власта да одговараат за сиот криминал, уцени и закани и лажната иднина што ја ветуваат.

-Нема напред со принципот на Мирчо свињарникот и „евро за Вицето и евро за црквата“, несе оди напред со „Живи луѓе ќе јадеме“, со оние криминални иновации, со нарачани обвиненија,  со диктирани судски пресуди, сом политички прогон. Напред одат само политичари  кои што знаат да спроведат вистински реформи , што ќе направат богато општество, и  кои што се горди на своето минато, истакна Мицкоски.

На крајот тој уште еднаш ги повика гевгеличани да ја дадат поддршката за професорката Гордана Сиљановска Давкова, и на 21-ви април и на 5-ти, мај затоа што победата ќе донесе предвремени парламентарни избори, на кои  оваа власт ќе замине на темната страна на историјата и ќе изгрее зорана на  слободата која ќе донесе правда за Македонија.

Треба да знаете
Последни објави