Search

Мицкоски од Битола:  Изборот е помеѓу обнова или Ал Капоне политиките на Зоран Заев

Денеска е петтиот ден од кампањата за овие предвремени парламентарни избори кои ќе се случат на 15 јули. Денеска сме овде во Битола и битолско, ќе ги посетиме и Демир Хисар и Новаци, ќе имаме разговори со жителите на Новаци и Демир Хисар секако и со битолчани.

Веќе имавме можност да разговарам и да размениме мислења во врска со актуелната состојба. Каква е состојбата овде во Битола и битолско. Луѓето сведочат за сите оние порази и неправди кои се присутни ширум целата држава. Сведочат луѓето за сите оние неисполнети ветувања, неиспорачани очекувања. Битола е сведок на пустошот кој позади себе ќе го остави ова раководство на СДСМ и Ал Капоне политиките преточени во Зоран Заев. Така што навистина можам да кажам дека изминативе 5 дена и месеците претходно можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее, луѓето се разочарани, безнадежни, луѓето ги напуштаат родните огништа се селат надвор од државата.

Она што е актуелно денеска е практично сите оние лоши политики и мерки кои што беа поврзани со справувањето со Ковид-19 пандемијата. Исто така економската состојба е навистина разочарувачка. Имав можност да разговарам со еден претприемач овде, приватен стопанственик кој што се жали потешко од овие 3 години не било, а посебно сега навистина порази, неправди.

15 јули е денот кога еве ги повикувам граѓаните овде во Битола во битолско, Новаци, Демирхисарско, да излезат масовно и да ја подржат победничката коалиција за Обнова на Македонија.

Новинарско прашање: Денес СДСМ излегуваат со нови економски сет мерки ветуваат минимална плата 20.000 денари и просечна од 34.000. Колку според вас тоа е реално?

Одговор на новинарско прашање: Видете СДСМ имаше три години доволен период да покаже дека барем 10 % ќе испорача од тоа што ветуваа во 2016, 2017 година. Денеска ако седнете и направете анализа на нивните ветувања од тој период ќе видите дека нема повеќе од 5 % испорака од тоа што е ветено за три години и многу работи лоши се направен кои што воопшто никој не ги очекувал дека ќе ги направат. СДСМ освен порази неправди многу криминал и корупција за ништо друго не ги бидува.

Тие ветуваа и 500 евра, 30 000 илјади денари просек плата па гледате дека не сме ниту пак  до 25 илјади иако наследија состојба со 22 илјади и нешто денари пред 3 години. Така што навистина јас не би можел да се потпрам на зборот на човек кој што насекаде каде што ќе ја стави раката своја, десната рака на левата страна кај срцето се колнел во жицата се колнел во најмилото, а не ја говори вистината не би можел да се потпрам  на таков човек.  Тоа што сега го кажува на  плоштадите на средбите со граѓаните.

Избега соочување со граѓаните помасовно се обидува на контролирани  соочувања со 30-40 активисти да рефлектира позиции  кој што далеку од тоа дека ќе ги испорача. Но нашиот народ е умен народ и тој народ на 15 јули ќе му каже што мисли позади параванот. Го очекува дебакл и дебакл  на сите негови полиња вклучително и овие антиреформски,  антиекономски политики  кои што се обидува сега да ги наметне. Никој веќе на Зоран Заев и на ова раководство на СДСМ не  му верува.

 

 

Треба да знаете
Последни објави