Search

Мицкоски од Берово: потребно да се обединиме околу професорката Сиљановска и да ја дадеме нашата поддршка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Берово. Мицкоски пред присутните потенцираше дека после изминати илјадници километри низ државата и разговори со илјадници наши сограѓани, заклучокот е дека на овие избори победува професорката Гордана Сиљановска Давкова затоа што граѓаните сакаат промени и конечно овие политички измамници на власт да ги пратат на темната страна на политичката историја.

-Граѓаните на Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност сите споделуваат иста мака, сите денеска ги критикуваат лагите, неисполнетите ветувања, нереалзиираните  очекувања кои Зоран Заев и СДСМ на претходните избори и ги испорачаа. Ветуваа живот дека ќе донесат донесоа пекол, затоа ни е  потребна голема победа. Да го поразиме деспотот заедно со неговиот деспотски избран кандидат, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека не може во Европа да не однесе политички измамник кој лаже дека го зајакнал идентитетот, а пред зградата на владата се срамеше да слушне дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“,  човек кој се срами да каже дека во северна Грција живеат Македонци кои пеат македонски песни и играат македонски ора.

-Во Европа не се оди по принципот на Мирчо свињарникот „Евро за Вице и евро за црквата“, во Европа не се оди по принципот „живи луѓе ќе јадеме“, во Европа не се оди со диктирани обвиненија и нарачани судски пресуди, во Европа не се оди со политичари кои затвораат ски стази за да може да се санкаат со другарчињата. Во Европа се оди со реформи, со богати граѓани и богата држава, се она кое што денеска не е Република Македонија, нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека најпрво потребна е голема поддршка затоа што треба Македонија од пепел да се изгради, од онаа пепел која овие измамници ќе ја остават, но потоа веднаш овие изманици и ќе одговараат за сиот криминал, рушење на националното достоинство и гордост, но и за сите неправди кои ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија.

– Овие политички измамници кога беа во опозиција ветуваа загарантиран откуп, повисоки субвенции и поддршка за земјоделците, а денеска во Ресен луѓето ги сечат дрвата затоа шот  еден  денар  е еден килограм јаболка, а и за толку нема кој да ги откупи, Во Кочани амбарите се полни со ориз затоа што нема кој да го откупи, а исто беше и овде во Малешевијата и Пијанец со сливите, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека такви неправди се секојдневие, ветуваа 600 километри нови патишта, а несе способни ни тој во источна Македонија кој беше 90% готов за две години да го пуштат, ветуваа реновирано здравство, 100.000 плата за лекарите а денеска тргуваат со болниците и клиниките додека нашите доктори ги полнат клиниките во Европа, САД и Австралија.

-Неправда е кога како опозиционер се колнете во жицата, во татковината и дедовината, а прва работа кога ќе дојдете до фотелја, вие правите спротивно и единствена работа која досега направиле е токму тоа го продадоа идентитетот, неправда е кога ќе ги редите сите тие чевли пред владата симболизирајќи дека луѓето се иселиле, а денеска  кога сте власт никој не видов да ги обуе тие чевли, туку напротив, само за имаме непотврден податок дека повеќе од 100.000 наши сограѓани ја напуштиле Македонија и не се вратил, потенцираше Мицкоски.

Токму затоа  истакна дека е потребно да се обединиме околу професорката Гордана Сиљановска Давкова и да ја дадеме нашата поддршка и на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај, затоа што таа има јасна визија како да го врати владеењето на правото и правната држава, а победата на претседателските избори ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори кога овие измамници на власт ќе станат минато, и ќе изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави