Search

Мицкоски: Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене е борба за спас на Македонија, Заев ќе падне

Добровечер драги пријатели, и добредојдовте на овој протестен марш со што почнува крајот на едно неславно владеење на СДСМ и Зоран Заев во нашата Македонија.

И како што е редот да ги поздравиме припадниците на министерството за внатрешни работи со еден громогласен аплауз.

Драги пријатели,

Тука сме вечерва во огромен број да кажеме дека правдата е нападната од неправдата, да ја кажеме вистината дека судската и обвинителската власт е брутално згазена.

Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е! Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците, додека родителите на чедата од Смилковско со грч и горчина во срцата од неправдите живеат со помислата дека убијците се на слобода. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев.

И за ова има неколкумина одговорни, но еден е највиновен, а тоа е Зоран Заев. Зоран Заев е виновен затоа што тој во исто време е премиер, обвинител и судија. Виновен е затоа што е главен рекетар, преговарач, главен забавувач кога се во прашање гафовите, но и трговец со виталните органи на нашата Македонија. И едно досега научивме, на човекот не му е тешко да украде, да изглуми, да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, затоа што е нечесен од глава до петици. А и најлесно му е да не ја говори вистината, излаже. Затоа што тоа покрај крадењето тоа го прави најдобро.

Аудио материјалот покажува дека тој пука во чело на правдата, ама онака ладнокрвно, со умисла и без каење. Со тој неправилен граматички, но разбирлив  јазик слушнавме како ја егзекутира правдата, што би рекол „трас-трас“, а правдата, драги пријатели, браќа и сестри, умира бавно, умира споро. Затоа што Заев нема допрено нешто, а да нема контаминирано. Тој е правдоубиецот во нашата држава.

Треба да знаете
Последни објави