Search

Мицкоски: Обновата на ВМРО-ДПМНЕ е основа за иднината на Македонија, ќе ги зголемиме платите за 25% и ќе ја направиме држава со најмал данок во Европа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Брвеница од каде што истакна дека сега се наоѓаме пред раскрсница, моментот кога треба да се одбере дали ќе се поддржи патот на неправдите на невистината, срамот  корупцијата на Заев и СДСМ или ќе поддржи една нова енергија, чест и горди политичари кои си го сакаат сопствениот македонски народ и татковината Македонија и ќе ја поддржат обновата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Имаме јасна одлука и јасен избор, изборот ќе биде да се поддржи победничката коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија.  Сега моментот кога на 15 јули треба масовно да излеземе да се обединиме и да ја поддржиме визијата за нашата татковина, онаква каква што сакаме да ја гледаме, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека од другата страна имаме политичари кои во три години ништо од тоа што ветија не го сработија, нема 500 евра плата, нема повисоки пензии, нема навремени субвенции за земјоделците, нема ни загарантиран откуп, единствено има тргување со гласот на граѓаните, национално предавство, криминал и корупција.

– Сетете се кога ветуваа дека ќе донесат правда и мир, а донесоа неправда, Луј Витон обвинителство и „трас трас“ судство, а мирот го претворија во немир. Немир во душите на дечињата кои ги загубија родителите во Диво насеље бранејќи ја сопствената држава, немир во душите на родителите на децата од Смилковско на кои им ја ветуваа вистина, а веднаш штом се дограбија до фотелја ги ослободија злосторниците кои го направија тоа монструозно дело, немир кај семејствата на Нешковски, Јанушев, Кољо. Од Македонците направија граѓани од втор ред во сопствената држава.  Затоа 15 јули е денот кога тој немир ќе го претвориме во мир, потенцираше Мицкоски

Мицкоски изјави дека доста беше наведната глава,  понижувања и лаги, 15 јули е денот кога сите заедно ќе излеземе и ќе заокружиме победничката листа со бројот 14 ќе ја избереме обновата на ВМРО-ДПМНЕ каде има за секого по нешто. За вработените 25% поголеми примања, за пензионерите 20% поголеми пензии и враќање на стариот закон, минимум 1000 километри реконструирани  патни правци, но и најмал данок во Европа.

– Го слушав вчера, вели Гоце Делчев се борел против слободата. Нормално е дека не знае за што се борел Гоце Делчев, затоа што еден ваков незнајко ќе тргува со Гоце Делчев, Дамјан Груев, и за Питу и за Никола и за Тодор, затоа што нему се му е сведено во пари. Во проектот обнова ние се обврзавме дека нема историска комисија во која ќе преговараме дека Гоце Делчев не е Македонец, Гоце Делчев е Македонија и ништо друго не може да биде. И Гоце Делчев, и Дамјан Груев и Татарчев и Питу Гули и сите останати. Тие се македонски јунаци и се бореле за нас за нашата татковина.  Ние се обврзавме и дека за јазикот нема преговарање, тој е наш македонски и се учи на 160 универзитети на ширум целиот свет, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека во Проектот Обнова на ВМРО-ДПМНЕ има над 1000 проекти кои се внимателно напишани кои ќе бидат исполнети, бидејќи тоа се потреби на граѓаните кои со макотрпна и чесна работа ќе се исполнат бидејќи тоа е и основа за иднината на Македонија.

– Излезете масовно на 15 јули и заокружете го бројот 14 и поддржете ја Дафина Стојаноска и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ бидејќи така бирате да живеете во Македонија за која што живеете и сонувате, нагласи Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави