Search

Мицкоски: Не сум во Хвар, во Дубровник сум

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагираше на текстот објавен на 24 Инфо „Мицкоски: „Љубави” (или хубави) ќе повика на одговорност, а Заев ќе рече, Стево не предаде…“во кој авторот на текстот напиша дека тој е на одмор во Хвар.

Мицкоски во телефоснки разговор со 24 Инфо негираше дека е на одмор во Хвар и најави тужби против сите кои такво нешто тврдат.

-Јас сум на одмор во Мокошица, во близина на Дубровник веќе осум дена, заедно со моето пошироко семејство. Во Скопје се враќам во четврток сабајле. Инфомацијата дека сум на одмор во Хвар е лажна вест излезена од кујната на Илинденска. Сите кои пишуваа дезинформации ќе се соочат со тужба, изјави Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави