Search

Мицкоски: Не е точно дека Камчев ќе ни ја финансира кампањата, сите волонтираме во партијата, не земаме плата

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ДВ вели демантираше дека Орце Камчев ќе им ја финансира кампањата и потврди дека избори на 12 април мора да има.

На прашањето како ќе се финансираат за претстојните избори, Мицкоски вели:

– Заштедивме од годишното финансирање што го добивме од државата и тие пари ќе ги трошиме. Сите волонтираме во партијата, не земаме плата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговара и на прашањето кое неколку пати му е поставено од СДСМ, односно дали е точно дека од еден бизнисмен добиле средства за кампањата.

– Да бидеме искрени, мислеа на господинот Камчев. Тој излезе со демант еве и јас излегувам со демант. Многу е лошо кога човек влече реминисценции од сопственото однесување. Не разбираат дека има луѓе чесни во оваа држава. Не се сите Луј Витон и ресторан во Југоисточна Македонија со провизија од 5 до 10 отсто. Има чесни луѓе во оваа држава. Има луѓе кои што си ја сакаат  татковината и работат за да биде како што треба. Немаме такво финансирање. Со микрофон во рака шетавме 16 метри кабел и платформа. Така ќе биде и на овие избори најверојатно, вели Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави