Search

Мицкоски: Не е вистина дека Канчевска Милевска се вратила во ВМРО ДПМНЕ

На крајот од посетата во Охрид, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски одговараше и на новинарски прашања.

Господине Мицкоски како ја оценувате изјавата на Оливер Спасовски дека оваа кампања ќе биде една од највалканите кампањи?

Па видете диригентот, диригира како оркестарот ќе свири. Доколку тој не е способен за ова што се нафати, а очигледно е дека не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе има валкана кампања и да подготвени сме да одговориме на нивните нечистотии до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај.

Точно ли е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се ослободи од сите досегашни и сегашни пратеници на партијата и дали Канческа Милевска веќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ?

 Не е точно ниту едното, ниту другото. Она што можам да го кажам е дека пратеничките листи ќе бидат набргу познати. Најпрво ќе бидат познати носителите, како што вчера кажав во периодот меѓу први и пети март, а некаде околу 10 март ќе бидат објавени и пратеничките листи. Ќе дознае јавноста кој од постојните пратеници ќе биде дел од новиот парламентарен состав, ќе има како што кажав многу нови листи кои што ќе се најдат на пратеничките листи.

Треба да знаете
Последни објави