Search

Мицкоски не дојде во ПС „Центар“, дојде неговатa адвокатка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се појави во ПС Центар каде требаше да дава искз во врска со случајот во кафеаната во Дебар Маало, каде седел во внатрешниот дел од објектот во кој не им бил дозволен влез на инспекторите. Наместо него се појавила неговата адвокатка која изјавила дека нејзиниот клиент е службено спречен денес да дојде и да даде исказ.

Мицкоски лично ја примил поканата во четвртокот.

Случајот „Боемска улица“ започна во почетокот овој месец кога во кафеана во Дебар Маало, при увид на инспектори од Државниот пазарен инспекторат со часови не им беше дозволено да извршат контрола во кафеаната каде што гостин бил Мицкоски и ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Љупчо Андоновски.

Треба да знаете
Последни објави