Search

Мицкоски: Неуставната двојазичност е за да се манипулира со гласовите на Албанците

Намерата на власта со законот за двојазичност не е чесна, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во интервју за МТВ.

-Намерата е исклучиво да се манипулира со гласовите на Албанците пред претседателските избори, и дури потоа внатрекоалициона битка се создаде и немир меѓу партнерите, кога не се знаеше кој е позаслужен за ова што се случуваше- дали ДУИ или СДСМ. Едно е вие да ги освоите гласовите на Албанците, да сте честит и принципиелен со тоа што ќе направите структурна реформа, ќе реновирате болница, училиште, нов булевар, ќе го растеретите сообраќајот во Тетово, ќе ја направите канализацијата во Арачиново,  ќе обезбедите нова инвестиција во Липково… Но друго е кога ги злоупотребувате чувствата со ниски страсти, преку национал-романтични предлози. Тоа не можам да го проголтам, порача Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави