Search

Мицкоски на „Фејсбук“: Младите се најголемата сила

Мицкоски на „Фејсбук“: Младите се најголемата сила

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук објави фотографија со дел од членовите на Унијата на млади сили.

„Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали.
Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија!, напиша Мицкоски.

Оставка утрово си поднесе претседателот на УМС, Лука Кржалоски со образложение дека раководството ја носи партијата во изолција.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржува состанок по партиските оставки поради несогласување со актуелното раководство.

Оставка на претседателската функција во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе Даниела Рангелова, а потоа и нејзините први соработнички – Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Оставка поднесоа денеска и тројца високи претставници во УМС,  Лука Кржалоски, претседател, потоа претседателот на Градскиот комитет на УМС, Томи Кепевски, како и Јован Никушевски, претседател на УМС за Карпош.

Рангелова рече дека партијата оди кон изолација и дека мора да се демократизира.

Таа обвини дека неколку луѓе од партијата вршат притисоци.

По седницата за уставни измени, откако седум нивни пратеници гласаа „За“, партијата ја следат низа превирања. Oвие пратеници беа исклучени, но и други екс функционери кои беа обвинети дека учествувале во вршењето на притисоци.

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1096665010508957/

Треба да знаете
Последни објави