Search

Мицкоски на средби со дипломатски претставници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше повеќе билатерални средби. Тој се сретна со директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти, регионалниот директор на НДИ, Роберт Бенџамин, како и со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

Теми на средбите беа актуелните политички случувања во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и македонската евро-атлантска перспектива.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија е клучна стратешка определба на партијата, но и на државата. Тој посочи дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на суштински реформи на полето на правосудство, образованието, здравството и закрепнување на економијата, со цел доближување на нашата држава до европските стандарди кон кои се стреми.

Мицкоски истакна дека реформите во правосудството се од исклучителна важност и мора да се стави крај на криминалот и корупцијата кои се рак рана на македонското општество, а се синоним за владеењето на актуелната власт предводена од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави