Search

Мицкоски на средба со Петричек: Заевизмот ги уништува надежите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со чешкиот министер за надворешни работи, Томас Петричек.

Како што соопштија од партискиот Центар за комуникации, на средбата станало збор за стратешките приоритети на државата и актуелната општествена и политичка состојба.

Мицкоски нагласил дека постои недостатокот на владеење на правото и правната држава како суштински елемент во функционирањето на власта.

„Владата се занимава со политички прогон наместо со решавање на проблемите на граѓаните, а растечката корупција е присутна во сите сегменти во општеството. Новата матрица на исклучително самоволие на заевизмот ги уништува надежите за исчекор во било која област значајна за граѓаните“, изјави Мицкоски пред Петричек.

Тој посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува европската интеграција на земјава и членството во НАТО, и напредокот треба да биде резултат на реформи и минат труд.

Треба да знаете
Последни објави