Search

Мицкоски на средба со ИРИ – во фокус на разговорите иднината на СЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Oвен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија и претставници од ИРИ.

„На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат. Мицкоски ја истакна бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на специјалното јавно обвинителство во истите. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена рака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата. Соговорниците беа согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продалбочи, се вели во партиското соопштение.

Треба да знаете
Последни објави