Search

Мицкоски на состанок со Сојузот на стопански комори: Нашиот главен фокус ќе биде економијата

Интегрален текст од изјава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Денешниот состанок, практично треба да биде средба во која што ќе можеме  да презентираме дел од политиките кои што ги предвиде ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори, а  се однесуваат на економијата која што ќе биде главен фокус за следниот четиригодишен мандат на владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи предвид дека програмата сеуште не е затворена, постои можност нели истата да биде проширена. Како што кажа претседателката така јас еве и ќе повторам, покрај тоа што ќе зборуваме и ќе презентираме политики и проекти кои што како политичка партија планираме да ги работиме, сме тука и да слушаме. Она што Сојузот на Стопански Комори практично ќе ни го предложи, она што е важно за нив, па да видиме дали дел од тие проекти, политики можеме веднаш  да ги уклопиме во програмата. Дел понатаму откако ќе направиме детална анализа на состојбите во буџетот на државата кои што според наша информација, според она навигација со која ние располагаме е во една многу лоша состојба и кондиција. Таквата состојба исто како и за економијата предвидуваме дека ќе биде се полошо од период кој што следи.

Така што денешната средба ќе ја искористиме генерално да оваа приказна на кратко да ја кажам, најпрвин да презентираме она што ние го имаме досега вклучено во програмата и второ да слушнеме она што е важно за комората да можеме истото тоа да го вклопиме во  рамките на програмата.

Треба да знаете
Последни објави