Search

Мицкоски на разговор со Дорис Пак: Високата корупција во власта ја загрозува европската перспектива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска остварија средба со претседателка на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак и Јоханес Реј, директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.

Како што информираат од опозициската партија, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјава, претстојните предвремени парламентарни избори и соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија како и со Фондацијата Кондрад Аденауер.

Мицкоски истакнал дека во Македонија постои голем проблем со високата корупција, проблем за кој, како што рекол, оваа власт не нуди решение.

„Голем број високи партиски и државни функционери од актуелната власт на СДСМ се вмешани во корупциски скандали за кои до ден денес нема правен епилог. На овој начин власта ја загрозува македонската европска перспектива и дава аргумент повеќе на противниците на проширувањето на Европската Унија во Брисел“, нагласил партискиот претседател.

На средбата се разговарало и за предвремените парламентарни избори и дошло до размена на знаење и искуства на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата Конрад Аденауер во пресрет на истите.

Мицкоски исто така нагласил дека за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија стратешка цел и определба е членството во Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави