Search

Мицкоски: На лидерската ќе зборуваме и за предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека на утрешната лидерска средба со Зоран Заев повторно ќе го отвори прашањето за предвремени парламентарни избори. Тој потсети дека досега неколкупати бараа предвремени избори, но, како што вели, власта изнаоѓала изговори тоа да не го прифати.

Утрешната средба е на барање на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вели дека не неа ќе се разговара за реформските закони, за иднината на СЈО, за политичкиот прогон и за се она што актуелно и суштински важно за граѓаните.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, рече дека лидерската средба ќе започне утревечер во 20 часот во Владата.

Треба да знаете
Последни објави