Search

Мицкоски: Најголем проблем во Центар е загадениот воздух, a власта целосно ја заглави гасификација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, каде што оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

Тој во обраќањето истакна дека анкетите по изборите покажуваат оти огромно мнозинство од граѓаните се незадоволни поради слабиот животен стандард, недостигот на нови вработувања и слабата економија.

„Најнезадоволни се центарци поради тоа што оваа општина е со најзагаден воздух во државата, а пред изборите власта ветуваше алпски чист воздух, наместо тоа добија општина која руши неславни рекорди на скалите за места кои се најзагадени во светот“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека власта води политика на кратко паметење, а, како што рече, центарци, како и сите граѓани на Република Македонија, се излажани од страна на власта, посочувајќи го ветувањето за поевтинување на сметките за парното.

Мицкоски порача дека во наредниот период неговата партија ќе предложи намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти, но и нови проекти и решенија за многу области.

Треба да знаете
Последни објави