Search

Мицкоски му посака добредојде на новиот француски амбасадор Бомгартнер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (20.11.2020) оствари средба со новонименуваниот француски амбасадор Силир Бомгартнер на која Мицкоски му посака добредојде и му посака плодотворна работа во земјава.

На средбата на која учествуваа и партискиот потпретседател Александар Николски и Игор Николов се разговараше за актуелната политичка, економска, како и здравствена состојба предизвикана од пандемијата КОВИД-19.

Новиот француски амбасадор Бомгартнер беше запознаен со последиците од корона со кои се соочува земјава на здравствен и економски  план, а стана збор и за бугарското вето на патот на Македонија кон ЕУ.

На средбата со амбасадорот Бомгартнер стана збор и за традиционално добрата соработка со Република Франција, при што беше заклучено дека има простор за продлабочување на економската сорабтка. Мицкоски упати благодарност за континуираната поддршка што Франција и ја дава на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ.

Претседателот Мицоски го информираше новиот француски амбасадор дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат позитивно влијание на членството во Европската унија.

Мицкоски се заблагодари на амбасадорот на Франција за средбата и истакна дека се надева ваквите средби ќе продолжат и во иднина со цел плодотворна соработка.

 

 

Треба да знаете
Последни објави