Search

Мицкоски: Македонија не му е приоритет на Заев, обновата ќе ги стави државата и народот на прво место

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Ранковце порача дека владеењето на Зоран Заев е кошмар за македонците, но е најпосакуван сон за соседите. Македонија на Заев му е на дното на приоритетите. Не покажуваат елементарно чувство за македонците. Тоа им е традиција во СДСМ. Првата влада на СДСМ започна да не убедува да се откажеме од националното знаме и ни ветуваа Европа и дека сите наши проблеми ќе исчезнат. Потоа дојде временото име. И сега 25 години покасно истото ни го ветуваа. Да ве потсетам на транзицијата кога нашите родители доаѓаа разочарани со страв како да се преживее. Потоа да ве потсетам на ТАТ кога министер во тренерки со вреќи вадеше пари.

Втората генерација на СДСМ донесе голем национален срам беше кога територијалната поделба кога многу наши сограѓани станаа гости во својот дом. Тогаш се делеа тендери за тенковски делови. За оваа трета генерација што да ви кажам. Целиот криминал се гледа во Луј Витон чанта. Ако добијат четврта шанса за управување тогаш на маса на коалицијата СДСМ и БЕСА ќе биде Македонија. Прв чекор федерализација, а во втор чекор целосно уништување. Да биде кажано, да не биде дека ова било само во главата на вмровците. Истото беше и во 2016 година тогаш не убедуваа дека нема Тиранска платформа, нема промена на устав. Секој еден што ќе заокружи број 3 треба да знае дека заокружува за уништување на Македонија. Убеден сум во голема победа на ВМРО и коалицијата и нема да дојде до реализација на договорот на БЕСА и СДСМ, истакна Христијан Мицкоски.

Сето она што за нив претставуваше режим сега тоа го претворија во хибриден режим. Во таква реалност ние живееме. Во првите 100 дена предлагаме да биде донесен закон со кој ќе се испита потеклото на имот на сите политичари. Секој политичар да докаже од каде потекнува неговиот имот. Јас велам да почнеме од мене. Тој кој нема да може да покаже и докаже како го стекнал имотот за него ќе следи одговорност. Обновата е систем на вредности што е поинаков од овој денес во Македонија. Зборуваме за чести и работливост. Заедно сме со народот на терен да си ја обновиме Македонија. На 15 јули сум убеден во голема победа но веднаш на 16 јули да си ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија. Тоа го има во нашата читанка Обнова на Македонија. Таму има коа да дојдеме до 25 проценти повисока плата. Како до 20 проценти повисока пензија. Како до бесплатни студии во учебната 2020-2021 за студентите во државните универзитети и еден универзитет во првите 1000 во светот. Нула проценти за работодавач кој ќе вработи човек на возраст до 29 години. Најнизок данок во Европа од 8 проценти каков што нема никаде. Ќе субвенционираме 50 проценти за нова термоенергетска фасада за помали трошоци. Бесплатен приклучок за гас за секое семејство. 640 милиони евра за субвенции за земјоделците и навремен откуп, потенцира Мицкоски.

Христијан Мицкоски ги повика гласачите на 15 јули да излеземе масовно и да го заокружиме бројот 14 пред името на Игор Јанушев. Така закружуваме за Македонија каква што заеднички сонуваме. Победува Обновата со голема разлика.

Треба да знаете
Последни објави