Search

Мицкоски: Лошо е што се дозволи коронавирусот да дојде во Македонија, системот затаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел со Зоран Заев рече дека лошо било што се дозволило случај на коронавирус да се појави во Македонија.

-Лошо е што се дозволи да дојде до случај на коронавирус во Македонија, системот некако затаи. Никој не очекува веднаш тоа да го превенираме, но важно е да не се крева паника. Луѓето кои се стручни треба да разговараат за тоа. Нема индиции дека ќе влијае на кампањата. Треба да се фокусираме да не ескалира, изборите се на второ место, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави