Search

Мицкоски: Кусогледаноста на власта ја спречува Македонија, Естонија ја решава кризата со пари од вториот пензиски столб, мерка за која апелиравме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ја коментираше одлуката на Владата да не ги користи парите од Вториот пензиски фонд во мерките за спас на економијата.

 –За жал, кусогледоста на економскиот тим на Владата, дополнет со Спасовски и Зоран Заев попречува да се види шансата која стои преку искористување на средствата од пензискиот фонд, а кој за македонската економија ќе значат дополнителни 200 милиони евра. Но, тоа не е случај естонскиот премиер и влада, кој ја презема истата мерка којашто и ја предлагав на Владата пред една недела, а тоа е да се искористат парите од вториот пензиски фонд без да се доведат во било каков ризик средствата на осигурениците. Оваа мерка не беше добра за Заев и Спасовски, но е одлична за естонскиот премиер. Или свесно не сакаат да ги преземат мерките кои се добри затоа што е во прашање суетата, или не се разбираат во економија, рече Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1512828948892559

 

Но, што и да е од двеве причини, едно е јасно дека сето ова се удира врз грбот на македонските граѓани.

 

Истата мерка според Асошијетед прес ќе ја имплементираат и други европски држави.

 

 

Треба да знаете
Последни објави