Search

Мицкоски: Ке бараме распуштање на Парламентот, па да видиме кој е за избори, а кој моли Бога да нема

ВМРО ДПМНЕ утре ќе поднесе барање до Собранието за распуштање на Парламентот и одржување на  предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на Извршниот и Централниот комитет на партијата. Партијата реагираше по одлуката на СДСМ во петокот да не се изјасни дали ќе оди на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

– Македонија никогаш не била толку поделена, општеството се наоѓа во својата најтешка ситуација. Утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе барање Зоран Заев  веднаш да си поднесе оставка и да се формира техничка влада со иницијатива за распуштање Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори на исти трошок со претседателските избори. Следните неколку дена нека одлучи СДСМ па да видат граѓаните кој бара избори, а моли Бога да не ги добие, рече Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски кажа и дека ќе инсистира техничката Влада да се формира 100 дена пред изборите, како што пишувало во Законот и дека за ова прашање не бил подготвен на компромиси.

– Наше е да предложиме ибори, па нека судат граѓаните. Одиме чекор по чекор, Внимателно ја анализираме ситуацијата. Ситуацијата со Македонија е алармантна, а не да ја одложуваат одлуката и да лажат дека подготвуваме црни сценарија, рече Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави