Search

Мицкоски: Калкулации со позајмувањето не однесоа во бездна, ни претстои тежок период

Секој работодавач да добие по 50 отсто од бруто трошоците по вработен, а дел од парите од приватните пензиски друштва, државата да ги пренасочи во првиот задолжителен државен столб. Ова е дел од мерките кои како решение на економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19 ја предлага опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Христијан Мицкоски во интервју за Фактор вели дека последиците од оваа ситуација ќе бидат исклучително тешки за македонската економија.

Сепак, вели дека сета одговорност е кај креаторите на политиките, кај власта. Тврди дека повеќето од нивните потези биле чисто политикантство, намерите нечесни. Македонија е пред еден од најголемите предизвици во историјата, па го прашав прво какви се неговите прогнози во овој момент.

-Мислам дека далеку посупериорен тим имаме споредбено со нашиот политички конкурент. Јас имам тројца стратешки соработници коишто се надвор од нашата држава, кои се на реномирани европски универзитети, едниот е професорот Караско којшто доаѓа од  Кралскиот универзитет во Мадрид, вториот е професорот Гоце Андревски којшто доаѓа исто така од Квинс универзитетот во Канада, тука е Јанко Баждавела, Влатко Гигов, тоа се луѓе коишто работеа заедно со мене и уште неколку коишто се надвор од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, коишто се дел од Европската народна партија, истакнати економисти, поранешни министри за финансии, професорот Славески се разбира, комисиите партиски за финансии и економија, поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, сегашни претседатели на партиски комисии. Така што сериозно економско тело работеше на програмата за економија на ВМРО-ДПМНЕ. И таа се темели на сериозни анализи, не на ад хок и блиц решенија, вели Мицкоски во интервјуто кое може да го прочитате тука.

Треба да знаете
Последни објави