Search

Мицкоски: И во Пехчево се чувствува заевизмот кој носи само сиромаштија, немање работа и се помасовно иселување на младите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на општина Пехчево.

Мицкоски истакна дека и во Пехчево се чувствува заевизмот кој носи само сиромаштија, немање работа и се помасовно иселување на младите од Македонија, додавајќи дека ова мора да заврши час поскоро и дека на граѓаните треба да им се обезбеди  сигурна иднина во сопствената татковина,а  тоа е можно само со заминување на Заев и СДСМ од власт.

-Податоците говорат дека само лани 100.000 граѓани се иселиле од нашата земја. Тоа е вистинското опустошување кое е последица на незнаењето на власта и нејзината неспособност. Гласот за Пендаровски е глас за Зоран Заев, и за опустошена Македонија. Затоа овие избори се многу повеќе од само претседателски избори. Овие избори се за Македонија и нејзината иднина, вели Мицкоски.

Според него овие избори не се само претседателски избори туку и можност за отворање на вратата за нови предвремени избори, а тоа е можно само доколку Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова победи на претседателските избори.

-Затоа овие претседателските избори не се само обични претседателски избори, туку овие претседателски избори после победата убедливата победа на Гордана Сиљановска Давкова ја отвораат вратата за следни предвремени парламентарни избори. И не дека Зоран Заев така вети дека откако нивниот избраник Пендаровски Стево ќе изгуби на овие претседателски избори, па ќе распишеме предвремени парламентарни избори, туку едноставно затоа што така народот сака, а народот  денеска ширум Македонија, по улиците, булеварите, на плоштадите, во домовите, силно кажува не шупути како што некој милува да каже, туку силно кажува, вика дека на 21 април а потоа на 5 мај жена ќе биде претседател на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова е идниот претседател на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави