Search

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не се грижат за здравјето на граѓаните, пандемијата ја злоупотребуваат за партиски и лични интереси

ВМРО ДПМНЕ никако не смогна сили да се делува како контструктивна опозиција барем за време на пандемијата од коронавирусот.

Наместо поддршка, ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, упорно се обидува да профитира политички, злоупотребувајќи ги и починатите од Ковид – 19 вирусот.

Преку своите самопрогласени експерти, прават се` да ги поткопуваат напорите на Владата и надлежното министерство, кои се со цел спречување на ширење на вирусот.

Мицкоски свесно нанесува штета и  преку членот на Извршниот Комитет на партијата Вело Маркоски кој скандалозно ги повикува граѓаните да не носат маски, лажејќи ги дека вирусот е безопасен.

Мицкоски не се грижи за граѓаните, неговата единствена грижа е како да ја зачува фотелјата во белиот дворец.

Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите.

Во време кога состојбата со пандемијата со коронавирусот во европските држави и кај нас е алармантна, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фокусирани на црна кампања против здравството, деструктивно однесување и опструкции.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш е на спротивната страна на граѓаните, и затоа уште долго ќе остане во опозиција.

Треба да знаете
Последни објави