Search

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараат амнестија за криминалците, но тоа нема да го дозволиме, нашата битка денеска е битка за правда

Нашата клучна битка денеска е битка за правда, против арамиите и криминалците, против остатоците на режимот во правосудството и ние таа битка ќе ја добиеме, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина На прав пат денеска во Неготино.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат различни позиции, ние сме за правда тие не се. Затоа имаме различни гледишта за Законот за Јавно обвинителство. Ние бараме Закон со кој нема да биде привилегиран никој и сите ќе бидат еднакви пред законот и граѓани и политичари, судии и обвинители. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат Закон со кој ќе бидат амнестирани сите криминалци од нивните редови и никој да не одговара, но ние тоа нема да го дозволиме. Борбата против криминалот и корупцијата е клучна за иднината, сигурноста на граѓаните, порача потпретседателот Оливер Спасовски на трибина во Неготино.

Сите знаете дека сите обвинети од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беа ослободувани од остатоците од режимот во судството и затоа ни треба нов Закон за Јавно обвинителство кој ќе ја зајакне правната држава и ни треба ветинг во правосудството. Тоа вистински однос кон државата и граѓаните, посочи Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави