Search

Мицкоски и Ахмети вчера оствариле средба

Мицкоски и Ахмети вчера оствариле средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера оствариле средба, на која дискутирале за актуелната политичка ситуација во земјата, потврди Артан Груби, кој истакна дека на средбата се разговарало и за евентуалното гласање за уставните измени во Собранието.

Со ова Груби ја потврди информацијата за средбата помеѓу Ахмети и Мицкоски.  Вчера неколку портали објавија дека владеачкиот и опозицискиот лидер оствариле средба и оти доколку има потреба ќе има и други средби помеѓу Ахмети и Мицкоски за власта да ја убеди ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните амандмани.

– Лидерите разговарале за тоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени кои ги налага договорот со Грција. Тие се легитимни пратеници и треба да го направат тоа – изјавил Груби за медиуми.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за измени на Уставот, ДУИ разгледува три опции за евентуалните предвремени избори и тоа самостојно да настапи, албанскиот политички блок да оди со заедничка изборни листи и предизборна коалиција со СДСМ и коалицијата.

Треба да знаете
Последни објави