Search

Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Заев

Од лидерската средба што се одржува во претседателската резиденција вечерва, Цивилмедиа.мк пренесува неколку ексклузивни детали.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на средбата реферирал за поддршката што нашата земја ја добила од сите лидери на земјите членки на ЕУ, особено за реформите што се спроведуваат во земјата.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, му изразил признание за успесите во Брисел, како и за храброста и одговорноста на премиерот за неговата одлука да понуди предвремени избори.

Мицкоски не кажал ни збор за тоа дека реформите не се спроведени, ниту било каква критика, туку имал само пофални зборови и признанија како реакција на излагањето на Зоран Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави