Search

Мицкоски изгледа не бил во Струмица, па нуди копи-пејст решенија за гасификација

Дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае да понуди ништо ново туку само препишува од идејните решенија на СДСМ докажува и неговата најава на иновативни решенија за гасификацијата на земјава, проект кој премиерот Зоран Заев го спроведе како градоначалник на Струмица уште во 2012.

Мицкоски најави изградба на маалски резервоари, кои посебно градско претпријатие ќе ги полни.

-За гасификацијата имаме иновативно решение со маалски резервоари каде што посебно градско претпријатие ќе ги полни тие маалски резервоари и директно терцијалната мрежа ќе биде до куќите. Имаме иновативно решение кое денеска го спроведуваат Обединетите Арапски Емирати,  кажа Мицкоски на ТВ21.

Овој вид на гасификацијата со мали резервоари во земјава се спроведува од 2012 година, кога Заев како градоначалник на Струмица започна да ги поврзува јавните установи. Во Струмица сега на гасоводната мрежа се поврзани повеќе од 400 физички и правни лица.

Мицкоски наместо од Обединетите Арапски Емирати, може примерот за гасификацијата да го види и во нашата држава, односно во Струмица, каде што ваквиот тип на гасовод беше изграден во една од ретките општини вод водството на тогашната опозиција, за време на владеењето на Никола Груевски.

Треба да знаете
Последни објави